Според Дејли Меил, доколку се вистинити најновите гласини за плановите на Чарлс за иднината на британската монархија, на децата на војводата и војвотката од Сасекс, Арчи и Лилибет, никогаш нема да им бидат доделени титули.

Принцот од Велс, наводно, јасно им ставил до знаење на Хари и Меган дека нивните деца нема да ја добијат титулата еден ден кога тој ќе го преземе престолот, иако според сегашното правило „внукот на владетелот има право да биде принц“.

Тоа објаснува зошто Арче и Лилибет во моментов немаат титули, но се очекуваше тие да бидат доделени во иднина.

Имено, во моментот кога нивниот дедо, принцот Чарлс, ќе го заземе кралското столче што сега во моментов и припаѓа на кралицата Елизабета, неговите внуци треба автоматски да ги добијат титулите, но тој очигледно планира да го промени тоа правило.

Извор близок до војводата и војвотката од Сасекс откри дека Чарлс рекол дека „ќе ги смени клучните правни документи“ (најверојатно документ за наследство од 1917 година) за да се осигура дека Арчи и неговата помлада сестра Лилибет не можат да ги наследат кралските титули еден ден кога ќе стане крал.

На Хари и Меган им било кажано дека Арчи никогаш нема да биде принц, дури и кога Чарлс ќе стане крал, вели изворот.

Ако ова е вистина, одлуката на Чарлс всушност не е насочена против Хари, Меган и нивните деца, ниту пак е последица на постојаната расправија на војвотката со кралското семејство, туку е дел од поголем план според кој Чарлс мора да го намали бројот на вработени членови на кралскиот двор.

Според Daily Mail, одлуката произлегува од верувањето на Чарлс дека јавноста сака да го намали бројот на членови на кралското семејство.

„Чарлс никогаш не криеше дека сака бројно да ја намали монархијата еден ден кога стана крал“, рекол извор за „Сан“.