Американскиот пејач, текстописец и добитник на Нобеловата награда за литература во 2016 година, Роберт Цимерман (80), попознат како Боб Дилан, е обвинет за, како што е наведено во тужбата против него, „за користење на статус на музичар за опивање, дрогирање, како и постојано сексуално злоупотребување „дванаесетгодишно девојче во 1965 година“, пишува Глоси.

Според тужбата, се се случило во неговиот стан во хотелот Челзи во Њујорк.

Набргу откако светските медиуми ја објавија оваа вест, Боб Дилан преку неговиот портпарол, посочи за Би-Би-Си дека ова „56-годишно тврдење е невистинито и дека енергично ќе се брани“.

Позната е жената што го обвини кантавторот што живее во американската држава Конектикат и нејзините Иницијали Џ.С.. Како што навела во тужбата, Дилан и нанел „психолошка штета и емоционална траума“ за време на шестнеделната злоупотреба, за што бара надомест на суд.