Поранешниот американски претседател Барак Обама одлучи својот 60 -ти роденден да го одбележи со голема прослава, на која беа вклучени многу светски фаци од А листата, а и покрај очекувањата, името на Меган Маркл и принцот Хари го немаше.

Како што открива новинарката Анџела Левин, поранешната американска актерка, која го прослави својот 40-ти роденден истиот ден со Обама, на 4 август, очајно сакаше да биде на списокот на гости.

„Ми кажаа дека и покрај тоа што беше свесна дека нема да може да присуствува, Меган очајно сакаше да има специјален статус на гостин на роденденот на Обама“, рече Левин, објаснувајќи дека мора да го скрати списокот на гости поради пандемијата на корона вирусот. но ниту името на принцот Хари и неговата сопруга не беше напишано на оригиналната листа.

И тогаш стана позната и другата страна на приказната, во која се тврди дека Мишел и Барак Обама не сакале да ги поканат Хари и Меган од едноставна причина, а тоа е дека тие одлучиле да застанат на страната на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во семејна расправија.

Имено, поранешната претседателска двојка донесе таква одлука од почит кон кралицата Елизабета, и покрај фактот дека Хари им беше драг, но, очигледно, Меган Маркл не ги сака премногу.