Талентираниот македонски пејач кој е препознатлив по добрите забави кои ги прави во локалите ширум нашата земја, Тони Андреев, традиционално и оваа година подготви преработка на песна од легендарниот Тоше со една цел – никогаш да не се заборави неговиот лик и дела.

Зад преработката на оваа песна се потпишуваат Тони Андреев (вокал, снимање и обработка на аудиото), Тошо Јуца (гитарист), Владимир Здравев (пијанист), Алек Тасевски (режисер на видеото) и Дарко Мирчевски (асистент).

Андреев во преработката за песната „Кој ти гризе образи“ јавноста ќе го види со нов имиџ, малку поинаков од она на што се навикнати досега да го гледаат.

„Секоја година на овој ден снимам преработка на една од неговите легендарни песни за да му искажам благодарност за се што направи за нас и Македонија. Да го одржуваме споменот на Тоше и да не дозволиме никогаш да се заборави неговиот лик и дело!“, вели Андреев