25 години мамат насмевки со танц – Студио за танц „Бах“

Дека и во Македонија може да се успее ако се вложи голем труд, многу љубов и истрајност доказ е Тања и нејзиното револуционерно студио за танц „Бах“ кое оваа година слави 25 години постоење.

Иако ова студио во текот на целата година главно функционира во Струга, сепак со своите настапи јавноста ги гледа ширум нашата земја, но и пошироко. Речиси и да нема музички фестивал или настан каде што се појавиле, а не го земале првото место за најдобар сценски настап.

Нивните успеси постојано растат, а Струга и Македонија треба да се горди на нив. Нашата редакција упатува честитки до Тања, главниот виновник за постоењето на студиото за танц „Бах“, како и до сите танчари кои се дел од него.