Во кабинетот на Али Ахмети и апарат за броење пари?

Од партијата реагираат дека фотографијата од Али Ахмети на која може да се види апарат за броење на пари не е од кабинетот на лидерот на ДУИ, туку од канцеларијата на косовски бизнисмен.

Тие посочуваат дека станува збор за канцеларија на бизнисменот Исмет Сулејмани, кој, како што велат од таму, бил ветеран на ОВК и голем поддржувач на албанската кауза.

На оваа фотографија што привлече големо внимание на социјалните мрежи Ахмети гледа во портретот на основачот и водачот на ОВК, Адем Јашари, но поголемо внимание привлече бројачот на пари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *