Актерот Васил Зафирчев е новото лице на Промоиталиа

Познатиот актер, како и докажан уметник кој зад себе има безброј претстави, филмови и награди, Васил Зафирчев стана бренд амбасадор на „Anti Aging Center by Promoitalia“.

„ Убавината е пред сé здравје, а токму грижата за негата и одржувањето на здравјето на вашата кожа е главен приоритет на Promoitalia Anti Aging Center. Затоа со задоволство ја прифатив поканата да бидам нивен бренд амбасадор и се радувам на убавото пријателство и соработка кои ни претстојат во иднина!“, напиша тој на својот Инстаграм профил.