Александар Тарабунов ги помести стандардите за музика на македонскиот пазар!

Еден од нашите најпопуларни пејачи, Александар Тарабунов ја изненади јавноста со својот најнов музички проект насловен како „Сењорита“.

„Сењорита“ на домашниот пазар носи сосема нов стандард кога е во прашање изработката на звукот и квалитетот на самата видео приказна, а зад неа како автори се потпишуваат Александар Тарабунов (музика), Луна Ристиќ (текст), Роберт Билбилов (аранжман) и Зоран Зонде Стојановски (видео спот).

Креативниот стајлинг е дело на Наталија Терзија, а преубавите девојки кои ја надополнуваат одличната песна и спот се Ивана Савовиќ, Бојана Арсовска и Барбара Поповиќ.

Во продолжение погледнете го проектот и уживајте.