Атрактивната Александра ужива на Бали

Убавата и атрактивна фитнес инструкторка, Александра Наумовска која сме навикнати да ја гледаме постојано во фитнес центарот на ТЦЦ „Гранд Плаза“ го покажа своето совршено тело во бикини додека ужива на прекрасниот индонезиски остров Бали.

Нејзините профили на социјалните мрежи изобилуваат со голем број на фотографии на кои се гледа дека ужива и одлично си го поминува одморот.

Идол.мк неофицијално дознава дека Наумовска таму не е сама. Друштво и прави мистериозно момче, засега непознато за јавноста.