Авион излета од писта при обид за слетување

Авион на турската нискобуџетна авиокомпанија „Пегасус“ излета од пистата при обид за слетување на аеродромот во Трабзон, во северниот дел на Турција.

Гувернерот на округот Трабзон, Јуџел Јавуз соопшти дека при инцидентот не е повреден ниту еден од 162-та патници и членови на екипажот на авионот, кои се успешно евакуирани.

Според гувернерот, причините за илетувањето на авионот засега не се познати.

Авионот тип „Боинг-737-800“ летал на релација Анкара – Трабзон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *