Барбара Поповиќ со добитна комбинација: Новата песна веќе е хит!

Македонска пејачка Барбара Поповиќ ја промовираше својата најнова песна „Не си ти крив“ заедно со видеозапис, а на нејзината адреса веќе пристигнуваат бројни пофалби.

Зад новата песна како автори се потпишуваат: Јован Јованов (музика), Елвир Мекиќ (текст) и Иван Јованов – Ивајо (аранжман), додека видео приказната е снимена во режија на маестралниот Зоран Зонде Стојановски.

Во продолжение погледнете го новиот видеозапис на Барбара Поповиќ.