„Бекдор Бенд“ со нова песна и спот најавуваат студиски албум

Музичкиот состав „Бекстор Бенд“ ја издаде својата најнова песна насловена како „Брзај“, за која сними и видеозапис во режија на Пеце Настески и НП Студио.

Музиката на песната е дело на Лазе Фармакоски и Жарко Јакимоски, текстот го напиша Жарко Јакимоски, додека за аранжманот се погрижи „Бекдор Бенд“.

Момците со новата песна и спот го најавуваат своето гостување на бројни настани ширум Европа, како и својот студиски албум кој јавноста веќе долго време го очекува.