Бобан ја нашминка Марија Петровска – најубавата македонска новинарка

Новинарката која остави голем белег во македонското естрадно новинарство и уште при првата појава ја освои македонската јавност, Марија Петровска ја пронајде љубовта во Словенија и денеска таму работи како радио водител.

Деновиве таа е во посета на нашата Македонија, своето време го користи за да се види со сите свои пријатели, роднини и поранешни колеги од магазинот Бекстејџ, а за една прилика му го довери своето лице на еден од најдобрите наши шминкери, Бобан Тодоровски.

Ако ви се допадна шминката и фризурата на Марија, побарајте го Бобан во Synergy Fitness & Spa при луксузниот бизнис центар „Синерџи“.