Бобан Цаневски со музички подарок за денот на виното и љубовта

Пејачот Бобан Цаневски, по повод денот на виното и љубовта, направи преработка на прекрасната балада “Љубена” од Тоше Проески.

Оваа преработка, за која музиката своевремено ја направи маестро Симон Трпчевски, а аранжманот Живоје Глишиќ, е снимена во Д.Р.Д. медија.

Цаневски наскоро најавува и голем музичко проект со неколку звучни имиња од поп и народната сцена.

Во продолжение уживајте во денот со преработката на “Љубена”.