Бразилска диета: За месец дена и до 12 кг

after six o'clock diet - happy woman with fruits and vegetables

Иако физичката активност е најважна, за губење на тежината сепак е клучна исхраната.

Постојат различни видови на диети, од исцрпувачки диети кои не содржат доволно хранливи материи, до оние режими кои комбинираат здрави состојки и го стимулираат метаболизмот и губењето на тежината.

Една од нив е бразилска исхрана, која се покажала како најпродуктивна, а и е позната по тоа дека е практикувана од многу познати личности од Холивуд.

Она што е особено интересно во овој режим, кој привлекува сé поголем број луѓе, е тоа што може да изгубите и до 12 килограми без глад.

Понеделник:

Појадок: 1 портокал, 1 банана и 1 чаша свежо цеден сок од портокал

Ужина: 1 чаша сок од портокал и 1 парче двопек

Ручек: 100 гр. риба (варена), 100 гр. салата од сиров зеленчук

Вечера: исто како и ручек

Пред одење во кревет: 1 чаша сок од портокал и 1 парче двопек

Вторник:

Појадок: 1 меко варено јајце, 1 чаша природен сок од јаболка

Ужина: 1 парче двопек, 1 часа сок од јаболко

Ручек: 100гр. месо (варено), 2 варени компири и 4 листа зелена салата

Вечера: 200гр. варена риба, 1 тврдо варено јајце, зелена салата, грашок (по можност свеж, но доколку немате, може и смрзнат или од конзерва)

Пред одење во кревет: 1 чаша сок од јаболко, 1 парче двопек

Среда:

Појадок: 1 чаша обезмаслено млеко, 1 двопек

Ужина: 100 гр. обезмаслено сирење

Ручек: 100 гр. ориз, 150 гр. салата од свежа зелка со прелив од 1 лимон и лажичка ситно сецкан магдонос

Вечера: Варено месо 100 гр. 1 јаболка, 4 листа зелена салата

Пред одење во кревет: 1 чаша сок од јаболка, 1 парче двопек

Четврток:

Појадок: 1 чаша сок од ананас, 60 гр. ананас

Ужина: 1 чаша сок од ананас, 1 парче двопек

Ручек: 100 гр. варено место, мало парче сирење и еден портокал

Вечера: 2 варени компири, 150 гр. салата од рендан морков со малку маслиново масло (доколку немате, може и друго)

Пред одење во кревет: 1 чаша сок од ананас, 1 парче двопек

Петок:

Појадок: 1 чаша сок од јаболко, 1 парче двопек

Ужина: 1 јаболка, 1 портокал

Ручек:150 гр. варена риба, 2 мали варени моркови

Вечера: 1 чинија супа од зеленчук, 1 двопек

Пред одење во кревет: 1 чаша сок од портокал, 1 парче двопек

Сабота:

Појадок: 1 чаша сок од јаболка, 1 парче двопек

Ужина: 150 гр. варено цвекло со малку масло

Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, 1 парче двопек

Вечера: 100 гр. пржени печурки, 100 гр. салата од сиров зеленчук по желба

Пред одење во кревет: 1 чаша сок од јаболка, 1 парче двопек

Недела

Појадок: 1 банана, 1 рака грозје (може и суво)

Ужина: 1 чаша сок од морков, 1 парче двопек

Ручек: 100 гр. варено месо, 100 гр. салата од зелка, лук и сок од 1 лимон

Вечера: 1 чинија супа од зеленчук, 100 гр. овошје и 4 листа зелена салата

Пред одење во кревет: 1 чаша сок од јаболко, 2 сушени смокви