Чиле: Папата Франциско нареди да се стопира целиот протокол

Папата Франциско, на посетата на Чиле, наредил да се стопира неговиот автомобил и целиот протокол откако една од полицајките на коњ, паднала и се удрила.

Папата излегол од своето возило за да види што се случува и дали има некој повреден.

Откако се уверил дека е се во ред и дека и полицајката и коњот не се повредени, дозволил да продолжи протоколарната обиколка на градот.