Дарко Коцевски – Даринос: Си докажав себеси дека можам да стигнам до финалето

Скромен, културен и многу талентиран. Дарко Коцевски – Даринос е можеби најголемото појавување на „Ѕвездите на Гранд“ годинава.

Својата приказна со Гранд, нашиот Дарко ја започнува пред четири сезони кога уште во првиот круг жирито одлучува да го напушти шоуто. Годинава тој се врати и буквално ја освои сцената, а од продукцијата велат дека му претстои блескава кариера.

– Прв пат ми беше пред четири сезони, но тоа беше многу неуспешен обид за мене, испаднав уште во првиот круг. Ова ми е втора сезона и најуспешна секако. Не ме убеди никој повторно да се пријавам, туку мотивацијата да си докажам пред се на самиот себе дека можам повеќе/ Секако после тоа следуваше циклусот од кругови во кои имав позитивни и негативни критики, но јас тие ги прифаќав во позитивна конотација бидејќи тотално му верував на жирито и пред се на мојот најдобар ментор Ѓорѓе Давид Николиќ, раскажува Дарко.

Дарко има огромна поддршка од својот ментор и колега Ѓорѓе Давид Николиќ, за со кој вели дека се емотивно поврзани и го смета за свој брат.

За Ѓорѓе имам чувство ко да ми веруваше уште од самиот почеток. Кога се моите вокални способности во прашање, можам да кажам повеќе тој веруваше во ова финале него ли самиот јас. Предобар човек со кој навистина се поврзавме емотивно. Сега сме веќе пријатели и доста блиски и секогаш е мојата врата за него отворена кога би дошол на некое гостување во Скопје или низ Македонија небитно. Ми рече: „Што и да ти треба, пари, кола, стан, твојот брат е тука за тебе, не ме заборавај, ти имаш брат во Белград“. Со него и во суштина се е интересно и забавно, така да не би можел да избројам некои моменти конкретно бидејќи навистина има смисла за хумор, но и да не заборавиме дека е и актер и предобар човек, вели Дарко за својот ментор Ѓорѓе Давид.

Дарко има скромни очекувања од големото грандиозно финале, вели дека за него веќе е голем успех постигнатиот договор за соработка со продукцијата „Гранд“.

– Моите очекувања не беа финале искрено, но благодарение на Бог, мојот талент и мојот брат Ѓорѓе, стигнавме до самиот крај. Очекувањата повторно се скромни, не ни имам некоја за кое место би ме направило среќен бидејќи од самиот влез во финале кога ќе помислам дека на почетокот бевме 550 кандидати, за мене е голем успех и самиот договор за соработка со Гранд. Но тоа не значи дека Македонија не треба да гласа. Којзнае, можеби ќе се радуваме и на победа, зошто да не, вели Дарко за финалето.

Победникот во оваа сезона добива ексклузивен договор на 9 години со продукцијата „Гранд“, песна и видеозапис, статуа и автомобил марка шкода-рапид. Македонија во големото финале на „Ѕвездите на Гранд“ годинава има дури четири претставници. Мартинијан Кириловски, Дарко Коцевски – Даринос, Огнен Здравковски и Филип Пецовски ќе ги бранат боите на македонското знаме и ќе се борат за големата победа.