Десет работи кои ја издвојуваат вистинската дама од масата на некултурни жени

Не секоја жена е дама, а тоа најдобро го покажува нејзиното однесување во друштво и основното воспитание кое го носи од дома.

Овие работи секогаш ја одвојуваат од некултурните жени:

1. Вистинските дами немаат тетоважи на видливите делови од телото. Затоа и се дами. Тоа е за нив интимна работа.

2. Тие секогаш го користат „молам“ наместо „што е“. ОСНОВНАТА КУЛТУРА Е ВАЖНА!

3, Тие никогаш нема да запалат цигара на улица. Пушењето е резервирано за некоја просторија.

4. Вистинските дами секогаш, ама баш секогаш се ПРИСТОЈНО облечени.

5. Тие никогаш не се караат. Тие имаат став: расправијата никогаш не решава ништо и не носи ништо позитивно.

6. Никогаш не пцујат. Никогаш нема да слушнете од вистинска дама лош или навредлив збор. Тоа е за нив под чест!

7. Тие никогаш нема да дозволат да бидат во друштво со некултурни луѓе, било да се работи за женски или машки. Тие се тргаат на  страна бидејќи не поддржуваат такво однесување.

8. Секогаш убаво мирисаат. Секогаш на себе имаат пристоен парфем.

9. Тие имаат гордо држење. Прав грб и сигурен став.

10. Таа не носи многу накит. Суптилни обетки, некој мал прстен и ланче.