Џесика Симпсон ослабе дури 45 килограми: Погледнете како!

Шест месеци откако го роди своето трето дете, пејачката и актерка Џесика Симпсон успеала да изгуби дури 45 килограми, а сега дознаваме и како!

„За шест месеци 45 кг. Помалку. Ова патување за мене е многу емотивно од повеќе причини, но горда сум што повторно се чувствувам како јас. Дури и кога ми се чинеше невозможно, се трудев да работам уште повеќе“, се пофали таа под фотографијата на нејзиниот Инстаграм профил.

И, секако, има причина да биде горда бидејќи според сопственото признавање откако го родила третото дете имала скоро 110 килограми.

Како работите не би излегле од контрола, Џесика се обратила кај нејзиниот фитнес тренер Харли Пастернак, кој и во претходните бремености и помогнал да ги врати старите килограми.

Сега заедно со лекарите смислил посебен режим за да ја врати популарната плавуша во форма. Режимот се состоел од 5 клучни точки.

„Порано фокусот беше на тренинзите, а овој пат се погриживме да се фокусираме на времето надвор од теретана. Се погриживме Џесика секој ден да поминува 12.000 чекори, да спие барем седум часа секоја вечер и да има барем 1 час во денот кога ќе биде потполно исклучена од технологијата“, посочил Пастернак за Daily Mail.

Останатите два трика подразбираат Џесика да јаде три оброци дневно и две ужинки, при што акцентот ќе биде ставен на протеините и влакната.

Исто така, секој ден правела и кратки вежби за самоодбрана.

View this post on Instagram

We just get each other 😍 #BIRDIEMAE

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on