Долго најавениот јубилеен концерт на Дани нè очекува за две недели

До најавениот јубилеен концерт на Дани нè очекуваат уште две полни недели работа и подготовки за да се спакува сето она што е предвидено да се чуе и види на сцената на Македонската филхармонија. Дружбата со публиката е закажана на 7 март со почеток во 20:30 часот.

Во рамки на концертот кој, како што вели Дани, ќе се одржи во ’ГРАДОТ ЗА ЉУБОВ’ и ќе значи патување низ нејзината 20-годишна кариера, ќе бидат отпеани сите хитови кои оставиле неизбришлива трага и во нејзината музичка кариера, но и на домашната сцена.

Во изведбата на рок симфонијата, како што всушност е замислен целиот концепт, на сцената ќе ја придружува филхармониски оркестар под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Влезниците, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажните мрежи на Mktickets.mk и Karti.com.mk.