Ексклузивно со Андреј Колев: Им помагаме на бизнисите интензивно да растат

Приказната за Колев Комуникации започнува пред две години кога браќата Мики и Андреј Колеви одлучуваат да го искористат своето стекнато знаењето и вештините во маркетингот за да отворат маркетинг агенција со која ќе им помогнат на бизнисите забрзано да растат, да остваруваат поголема добивка и да станат конкурентни на странските пазари.

Почнале речиси од 0, со неколку клиенти кои биле нивни блиски пријатели и скромен на број тим, но исклучиво вешт. Нивната силна желба, стекнатото искуство и упорноста да се победат сите предизвици ги донесе до тоа денеска да може да се пофалат дека се единствена маркетинг компанија која за само две години успеа да се наметне на пазарот и да им конкурира на најголемите играчи.

Колев Комуникации ја испишува својата историја, ги води бизнисите напред и помага за раст на целокупната економија, оттука решивме да ги вратиме на почетокот и да ги прашаме, како се успева во овој бизнис?!

Како дојдовте до идеја да го создадете Колев Комуникации?

Андреј Колев: Идејата за Колев Комуникации тргна од тоа што јас и брат ми сме во светот на маркетингот уште од универзитетските денови, тоа го знаеме, за тоа сме едуцирани, тоа го сакаме и отсекогаш маркетингот ни бил еден вид на предизвик. Во фамилијарните бизниси токму ние двајца отсекогаш сме биле тие што размислувале за маркетинг делот, па така и се охрабривме да создадеме маркетинг агенција и преку неа да им помогнеме на менаџерите да ги развиваат своите бизниси.

Кои беа вашите очекувања и дали ги исполнивте?

Андреј Колев: Очекувањата не можам да кажам дали се исполнети, затоа што ние кога почнавме, почнавме со неколку клиенти кои впрочем беа наши пријатели и сакавме стартот да ни е биде подолг се со цел да стекнеме поголемо искуство за да можеме да се нафатиме да соработуваме со нови клиенти. Така да очекувањата одеа од 0, па нагоре. Фокусот отсекогаш ни бил да не бидеме како другите, ние сакаме да бидеме “партнер“ во бизнисот на клиентите, под тоа мислам дека како тим сме постојано во контакт со клиентите и буквално 24/7 ги слушаме нивните барања бидејќи мислиме дека само така можеме да помогнеме да се стигне до растот кој го посакуваме.

Моментално имате повеќе од 25 клиенти со кои активно работите, како ќе се развива Колев Комуникации во иднина?

Андреј Колев: Светот стана големо село, а со дигиталниот маркетинг сме многу блиску до сите пазари низ светот. Едната цел во наредните години е постојани и новите клиенти да ги направиме конкурентни на странските пазари, а другата цел е ние како агенција да имаме поголем број на клиенти од странство.

Пред 2 години не можевме да претпоставиме дека ќе имаме тим од 30 луѓе кои ќе работат на наши проекти, но тоа денеска е реалност. На македонскиот пазар стануваме конкурентни и на најголемите компании, зошто не би го направиле тоа и во други држави? Клиентите најмногу се заинтересирани за дигиталниот маркетинг, ние иако сме специјализирани за дигиталниот маркетинг, секогаш го носиме целиот пакет од услуги затоа што тоа е најефективниот пат до резултати.