Експерт за однесување и бонтон открива како треба да се однесувате за да бидете дама со плава крв!

Дали сте знаеле дека поради Кејт Мидлтон, а сега и Меган Маркл, ширум Велика Британија почнаа да се отвораат училишта и курсеви за однесување и бонтон кои ги учат дамите како да се однесуваат како дама со плава крв.

Тоа можеби и не треба да ве чуди, судејќи по тоа дека војвотките ги собраа симпатиите од целиот свет со својата култура, држење и однесување во јавноста.

Мика Мајер, британски експерт за однесување која работела за кралското семејство, открива кои правила треба да ги следите за каде и да се појавите да изгледате како принцеза.

  1. Седење

Кога ќе ги прекрстите нозете, таа која е од горе не смее да виси во воздух, туку треба да биде прилепена до ногата од доле.

Мајер вели дека правилното седење треба да го научи секоја жена, не само војвотките. Жените од британскиот двор преферираат две главни пози:

– Поза на косо – Треба да седите исправено, без ослонување на наслонот на столицата, брадата е паралелна со подот, нозете доближени една до друга кај колениците и зглобовите и искосени на една страна

– Прекрстени зглобови – Едната нога се става зад другата и полека се допираат колената. Оваа поза е сјајна и изгледа како нозете да ви се подолги.

  1. Дамско држење на чантата

Иако се минијатурни, војвотките своите чанти ги држат со двете раце на официјалните настани. Само доколку е неопходно да се ракуваат, тогаш чантата се префрла во една рака. Ако треба да седне, војвотката нема да ја стави торбата на маса или на под, туку ќе ја смести измеѓу грбот и наслонот на столицата. Во многу ретки случаеви дамите со плава крв ја држат чантата на нозе.

  1. Почитување на гостите

Кога жените со плава крв дочекуваат гости, се е од напред спремно како гостите не би чекале. Масата треба да биде декорирана на време, а јадењето спремно и сместено на место каде свежината и топлината ќе биде одржувана до консумација.

  1. Тие знаат кога е крај на забавата

Ако сакате да организирате забава или дружење како една војвотка, пратете покани! Мика Мајер вели дека Кејт Мидлтон користи сајтови преку кои на своите гости им праќа елегантни честитки и покани, во кои секогаш е нагласен еден детаљ – кога забавата завршува. Тоа ќе ги спречи гостите да ја искористуваат вашата љубезност и ќе им даде до знаење дека забава цела ноќ не доаѓа во обзир!

  1. Поздравете ги гостите со бакнеж или ракување

Членовите на кралското семејство ги поздравуваат пријателите и познаниците со бакнеж во образ, прво во десниот, а потоа во левиот образ. На официјалните настани каде се присутни луѓе кои не ги познаваат, војвотките се ракуваат, а кога посетуваат друга земја, ги следат нивните начини на поздравување.

  1. Запознајте ги гостите кои меѓусебно не се познаваат

Ваша задача како домаќин е да разговарате со гостите и да се уверите дека се чувствуваат пријатно. Помогнете им на гостите и меѓусебно да пронајдат заеднички теми и да избегнат молчење, здодевност и непријатни ситуации.

  1. Три залаци, па пауза

Војвотките секогаш го одложуваат јадењето после 3-4 залаци. Повеќе залаци кај нив не доаѓа во оглед.

  1. Правилно држење на чашата

Војвотките ги држат чашите за кафе и чај различно. Чашата за чај се држи така што палецот и прстот до палецот се спојуваат низ отворот од рачката на чашата, додека со средниот прст ја придржуваат чашата до самиот крај на ручекот.

Ако држите чаша за кафе, показниот прст треба да биде повлечен низ рачката.

  1. Правило за тоалет

Кога ви се оди во тоалет, не го кажувајте тоа на глас. Едноставно извинете се кога станувате од масата и ставете ја својата салфетка близу чинијата. Купатилото секогаш мора да биде совршено чисто и секогаш треба да има сапун, крама за раце и влажни марамици на видно место. Списанието и миризливите свеќи исфрлете ги од тоалетот. Ролната на тоалетната хартија секогаш треба да стои на свое место и тоа со хартија која паѓа од горе, никако под ролната.

  1. Љубезност над се

За да дадете чувство на елегантна дама со плава крв, морате да бидете љубезни, внимателни, фини и полни со почит кон околината.