Ервин по Задруга 2: Се враќам во Сараево, имам многу обврски!

Популарниот фитнес тренер кој јавноста го запозна по учеството во балканската верзија на „Големиот брат“, Ервин Мујаковиќ по месец дена престој во „Задруга 2“ го напушти шоуто.

Зошто се одлучи повторно да влезе во реално шоу? Со кого се дружеше таму и што има да каже за нашата Елеонора Марковиќ? Во продолжение дознајте од прва рака…

Зошто повторно во реално шоу?

– „Задруга“ е голем проект, до сега најголем, па така да секако ми беше чест да бидам дел од него, но и да ја промовирам работата со која се занимавам.

Месец дена во „Задруга“, како го помина времето таму?

– Да, не бев долго, но времето поминато таму навистина можам да кажам дека ќе ми остане во убавите сеќавања.

Со кого најмногу се дружеше таму?

– Бев во добри односи со сите задругари, најмногу време поминував со Лазар Чолиќ, Марко, Лазар Јеремиќ, и на почетокот со Мина, но исто така и со Елеонора добро се согласував и имам само пофалби за нејзиното однесување.

Кого не можеше да поднесеш таму?

– Искрено немам таква личност, никој не ме нервираше. Ви велам со сите бев баш во добри односи.

Што по „Задруга“? Каков е планот за годинава?

– После „Задруга“, поточно по празниците се враќам во Сараево со моите обврски, клиентите, работата во теретана и во продавницата за протеини. Добив веќе некои понуди за реклами, но се уште не би откривал за што точно се работи, секако на време ќе дознаете. Од 2018 сум презадоволен, а и во 2019 влегов со уште поголеми цели да биде многу поуспешна година.