Eве како да засадите пченица и да бидете подготвени за Божиќ

Божиќната пченица за православните верници е еден од најубавите празнични украси, а обичаите наложуваат да се сее на празникот на Света Варвара, на 17 декември или Свети Никола 19 декември.

Таа ја симболизира плодната следна година, добри жетви и нов живот. Кај католиците се сеела на 13 декември, на денот на Света Луција.

Садење пченица на денот на Света Варвара се поврзува со обичајот на варење на „вариво“ од разни житарици, на тој ден, правење јадења кои се јадат следниот ден. Во „варивото“ се вари пченка, пченица, грав, грашок – главно зрнести плодови, кои се готват на тивок оган.

Како се сее житото?

Плитка чинија покријте со влажна салвета, па потоа на неа наредете зрна пченица така што цела да ја прекријат. На средината од чинијата поставете некоја тегла или чаша, за да можете подоцна тука да ставите свеќа.

Немојте на дното на садот да ставате многу зрна, доволно е само еден ред пченица. Доколку биде премногу густо, зрното ќе го бара својот пат, ќе расте неправилни и нема да изгледа добро.

Садот оставете го на собна температура на светло место, најдобро директно покрај прозорец. Пченицата не треба да стои во близина на печка или радијатор, најдобро расте на собна температура.

Пченицата покријте ја со памучна водена ткаеница за да може зрната рамномерно да набабрат се додека не се појават првите никулци, а потоа откријте ја за да може да продолжи да расте.

Секојдневно рамномерно прскајте ја со вода 3-4 пати дневно. Не ја прскајте претерано, а во садот не треба да се задржува вода. Најдобро е само често да се прска.

Израснатата пченица, пред да ја ставите на маса, можете со ножички да ја потшишате за да изгледа поубаво и поуредно.