Фановите збунети: Кој ги пушти 2 Бона на најјако?

Пред еден месец Бела Ноќ им се приклучи на милионски гледаните хитови на 2 Бона и наиде на огромно воодушевување од страна на нивните фанови.

Додека тие сеʼ уште го учеа lyrics-от на истата (Алишта доле на под(је),таму стојат боље (дефинитивно)), излезе соработката со Елена Китич, Columbiana.

Песната за само две недели има над 2 милиони прегледи и е апсолутен хит, како во Македонија и Србија, така и низ целиот Балкан. Да биде уште поинтересно, овие двајца хит-мејкери се здружија со тројца бугарски рап артисти, BNR (Bandata na Ruba) и пред една недела извадија нов banger-Бел Џип.

Од она што го покажаа до сега знаеме дека 2 Бона немаат сопирачка, ама 4 хита за еден месец е нешто што сме навикнати да го гледаме само кај светски познатите ѕвезди. И да, четвртиот boom излезе денес, се вика All eyes on us (А.Е.О.U.) И е Kun`s personal favorite.

Инстаграмот полуде, а на твитер покреативни од секад:

Aj hristos voskrese 2bona TRESE (=

HassasiN

Во продолжение уживајте во нешто што е alien`s level GOOD.

*текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичността

@left__h