Филип Хаџикојчев од „Ѕвезда број 1“ сними кавер-верзија на светски хит

Македонската јавност преку талент шоуто „Ѕвезда број 1“ го запозна младиот талентиран гевгеличанец Филип Хаџикојчев.

Хаџикојчев немаше многу среќа во шоуто, па го напушти уште на првата гала, но неговата појава предизвика внимание кај јавноста. Слуша светска музика, а токму таква сака и да создава. Неговиот прв музички проект е преработка на големиот хит Impossible од James Arthur.

Во продолжение уживајте во моќната изведба на Филип.