Фолкерката Татјана ги искара колегите: Треба да се потрудиме да бидеме модерни!

Најпознатата македонска фолк пејачка, Татјана Лазаревска коментирајќи ги реакциите за својата нова песна „Инстаграм“ пред камерата на ИН ТВ истакна дека светот се менува, доаѓаат нови технологии, а пејачите треба да се привикнуваат и да се потрудат да бидат во тренд.

– Песната се вика Инстаграм и јас сум многу горда на неа затоа што пеам за љубов. 21 век, модерна технологија, модерни времиња, треба да се потрудиме и ние да бидеме малку модерни, меѓу другото кажа Лазаревска.