Свет

Фотографиите на познатите од полиција: Апсени поради дрога, алкохол и насилство

Светските ѕвезди навикнати се постојано да позираат пред фото-репортерите, во главно на црвениот тепих на премиера или други важни настани, но повеќето од нив можат да се „пофалат“ и со фотографиите од полициска станица за досие.

Некои од нив завршиле во притвор поради ситни прекршоци во сообраќај или затоа што непримерно се однесувале, но има и такви кои направиле тешки кривични дела.

Сите тие сега се наоѓаат во архива, а нивните фотографии пред влез во ќелија го заобиколија светот. Ова се само некои од познатите кои се најдоа зад решетките:

Бил Козби е еден од рекордерите со најмногу фотографи во полициската архива. Една од нив настанала на крајот од септември оваа година, а фотографирана е откако е осуден на затворска казна поради сексуално злоупотребување на жена.

Хедер Локлир ја привеле на 25 јуни бидејќи удрила лекар и полицаец. Тоа не и е единствен пат годинава да заврши во полиција. Уште еден инцидент се случил неколку месеци пред ова откако пијана се степала со своето момче.

Џастин Бибер не можел да избегне фотографија за полициската архива. Пејачот возел под дејство на алкохол, без возачка дозвола, а потоа и се спротиставувал на апсењето, но покрај бројните прекршоци – тој секогаш се насмевнувал за позирање.

Риз Витерспун не ни можела да погледне во камерата. Актерката ја привеле поради непримерно однесување откако нејзиниот сопруг е уапсен за возење во пијана состојба.

Линдзи Лохан 2013 година ја прекршила условната казна, па морала повторно да застане пред полицискиот објектив. Нејзината мајка Дина, таткото Мајкл и поранешната девојка Саманта Ронсон имаат слични фотографии.

Скандалозната Париз Хилтон, која своевремено на другите им нудела дрога, и самата ја користела. Пред осум години полицијата ја привела во Лас Вегас поради поседување на кокаин.

Ни на Кардашијан кршењето на закони не им е непознато. Клои пред десет години добила своја фотографија и досие бидејќи возела под дејство на алкохол.

Поради возење под дејство на алкохол, своја фотографија добил и Мел Гибсон.

Чарли Шин е сериски престапник на законот. Тој, помеѓу останатото, е уапсен 2009 година поради обвинение за семејно насилство.

Метју Меконахи својата фотографија ја заслужил поради поседување на марихуана и спротиставување при апсење во Тексас во далечната 1999.

Мајк Тајсон за божиќните празници 2006 година е приведен поради возење во пијана состојба и поседување на кокаин, а според сликата се чини и дека не ни препознал каде се наоѓа фото-апаратот.

Актерот Тим Ален во 70-тите години на минатиот век одлежал во затвор поради поседување на дури 1,5 кг кокаин.

Најнови информации

To Top