Голема аудиција во Скопје: Се бара нова македонска ѕвезда!

Караванот на новото македонско талент шоу „Ѕвезда број 1“ продолжува во Скопје.

Аудицијата е закажана за сабота (4-ти мај) со почеток во 16 часот во Македонската Опера и Балет.

Пријавување ќе се врши на самото место, но оние кои навреме сакаат да си го резервираат своето присуство можат да испратат порака со текст „Име Презиме и наслови на песните што ќе ги изведат“ во сандачето на официјалната Фејсбук страница на шоуто.