Ѓорѓе Давид позитивен на корона – пред две недели се вратил од Македонија

Членот на строгото стручно жири во најгледаното регионално музичко шоу  „Ѕвездите на Гранд“ и популарен рокер, Ѓорѓе Давид Николиќ деновиве е хоспитализиран во клиника каде се лечи од најновата зараза која предизвика пандемија во целиот свет.

Во борбата против коронавирусот поддршка му пружија сите колегите и натпреварувачи во шоуто, тие преку јавни пораки на социјалните мрежи му посакаа побрзо оздравување и молитви за неговото здравје, но засега не е познато од каде се заразил популарниот рокер. Само две недели пред да ги почувствува првите симптоми и да побара медицинска помош, Ѓорѓе Давид престојувал во Македонија.

– Ѓорѓе Давид имаше повеќе работни состаноци во Скопје на 12 март, а попладнето замина во Охрид бидејќи беше договорен да работат со Александар Јосифовски за следниот круг на шоуто, додека следниот ден, на 13 март требаше да снима гостување во Канал 5 телевизија кај Ване Маркоски, но плановите се сменија поради големи обврски кои популарниот водител ги имал во текот на денот. Верувам дека после хаосов ќе гостува во Канал 5, он ја обожава таа телевизија и тимот таму, открива доброупатен извор.

Фотографии од домашна, но и работна атмосфера сподели и нашиот пејач Александар Јосифовски кој се пофали дека напорно работи на песните за третиот круг на Ѕвездите на Гранд во неговото студио „Lunar Acoustix“ во Охрид.

View this post on Instagram

Late night work with @djordje_david

A post shared by Aleksandar Josifovski (@alexandarjosifovski) on