Горила наскоро напаѓа на Балканот

Горила не е само новата колекција на дуксери на cyrcle style во соработка со 2 Бона (кои, the way, веќе од 1ви октомври може да ги најдете и во продавниците на Спорт М), туку и насловот на најновиот сингл на 2 Бона кој треба да излезе некаде кон средината на наредниот месец.

2 Бона и овој пат скромни, не сакаат да откријат многу детали, освен дека Горила ќе биде соработка со надворешен артист (екслузивно за idol.mk откриваат дека се работи за бугарски артист) и како и досега, ќе биде next level.

Што значи next level видете во продолжение од видеозаписот за Freak кој само за една недела брои над 600 000 прегледи.

2 Бона се слушаат насекаде, минатиот месец настапија во Швајцарија, а на 19ти месецов еден од најпознатите клубови во Дизелдорф, клуб Амбис, ги отвора вратите за нивниот настап. 

left__h