ГРАБЕЖ, ОРУЖЈЕ И СКРШЕНО СРЦЕ: Боби Павловски заврши зад решетки

По одличните „Метар дана“ и „Тамо негде“ Боби Павловски ја промовира и третата песна наменета за пазарот во соседството. Хитовската композиција со модерен призвук и која лесно влегува во уво е со наслов „Самица“ и е работена со екипа од соседството. Музиката е со потписите на Еди Рамичевиќ и Милан Раѓен, а зад видеото, пак, стои тимот на Tropical Lifeisfun.  

Кадрите се снимени во Белград, а покрај Боби во крими приказната се појавуваат уште неколку интересни лика. Во видеото Боби завршува зад решетки и во самица, има грабеж, оружје, скршено срце…

„Се надевам дека и оваа песна ќе биде прифатена од публиката како и претходните две. Овој пат имаме малку поразличен спот, кој всушност е и мини филм и сега кога го имам пред себе финалниот производ навистина ми е драго што работев со овие момци кои дадоа поинаква нишка на целата оваа приказна. Многу верувам во целиот овој проект кој почна со „Метар дана“ и драго ми е што публиката досега препозна колку се вложив себеси во сето ова“, вели Павловски, кој наскоро на јавноста ќе и го претстави и следниот проект.

Во меѓувреме, Боби е актуелен со настапите низ клубовите во земјава од кои буквално ниту еден не поминува без „Метар дана“ и „Тамо негде“.