Граѓаните им кажаа „ДА“ на “ТACT”: За краток период продадени над 100 часовници

За помалку од еден месец рачните часовници „TACT“ веќе ги има низ цела Македонија и пошироко.

Според првите луѓе на компанијата, граѓаните им кажале „Да“ на нивните производи. Тие велат дека само за еден месец се продадени над 100 часовници од сите модели.

Елеганцијата, моќта, како и свежината која со себе ја имаат „TACT“ рачните часовници придонесува тие да бидат посакувани од граѓаните.

„Фактот дека часовниците се наши производи се чини дека е дополнителен мотив за купувачите да ги купуваат овие часовници“, велат од „Таст“

Од компанијата истакнуваат дека тотално се фокусирани на квалитетот и елегантниот дизајн на часовниците.