ХИТ ВО НАЈАВА: Ален Хасановиќ сними нов дует со Белма Карсиќ

Ексклузивците на продукцијата „Гранд“, Ален Хасановиќ и Белма Карсиќ го претставија својот втор дует „Ко сам ја теби сад“.

Откако пред две години го објавија својот прв дует со наслов „Док спава град“ и тој одлично помина кај јавноста, а на Youtube брои речиси милион и пол прегледи, Ален Хасановиќ и Белма Карсиќ повторно ги споија силите и објавија нов дует.

Новиот дует „Ко сам ја теби сад“ е авторско дело на Саша Диниќ (музика, микс и мастер), Ана Диниќ (текст) и Александар Саблиќ (аранжман), додека задните вокали ги отпеа Сузана Бранковиќ.

Видеозаписот се снимаше на повеќе атрактивни локации во Скопје под режисерската палка на Армин Хасановиќ и современата видео продукција „АХ Медиа“, а истиот е веќе достапен на Youtube и на телевизиските канали Гранд и Гранд2 каде се емитува на секој час.