Хојт Ји: Македонија и Грција имаат вистинска можност за постигнување на договор

Во емисијата „Светот е бизнис“ на тв Блумберг на бугарски јазик заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји истакна дека Македонија и Грција имаат вистинска можност да постигнат договор за прашањето со името.

„Тоа можеби ќе е најдобрата шанса. Верувам дека постои политичка волја, како во Атина, така и во Скопје, да се постигне договор и да се реши ова прашање еднаш засекогаш“, додаде тој.

„Ќе се бара напорна работа, бидејќи прашањето не е едноставно да се реши. Ќе беше добро проблемот да се решеше пред 25 години, но ако двете држави продолжат да работат како сега, под раководство на Метју Нимиц, специјалниот претставник на ОН, како посредник, ние веруваме дека тоа е дефинитивно возможно“, посочува Хојт Брајан Ји.