Иглена процедура: Еве што треба да знаете пред боцкањето

Првиот комплетен и најдобар центар против стареење во Македонија „Anti Aging Center by Promoitalia“ посочува практични совети за да го минимизирате ризикот од модринки по иглена процедура.

Имено, при секое навлегување на иглата во кожата се нарушува нејзиниот интегритет и постои можност за појава на модринки.

Пред третман:

  • 10-12 дена пред третманот треба да избегнувате аспирин, кантарион, омега3 или суплементи кои содржат рибино масло, ибупрофен, гинко билоба, женшен.
  • 7-10 дена пред третманот треба да започнете со таблети кои содржат арника, да јадете ананас затоа што содржи бромелаин кој го забрзува метаболизмот за исфрлање на токсини и побрзо заздравување.
  • 2-3 дена пред третманот треба да избегнувате алкохол.

Доколку ви се појават модринки после третманот треба да ставате ладни облоги, аплицирајте креми којшто ја спречуваат коагулацијата на крвта и ја забрзуваат регенерацијата на оштетената кожа.

После третманот:

  • 7-10 дена треба да продолжите со таблетите кои содржат арника, да јадете ананас или да пиете таблети кои содржат бромелаин.