„Инструментал Бенд“ слави роденден

Битолскиот музички состав „Инструментал Бенд“ годинава го слави својот 14-ти роденден со нови проекти и нови успеси.

Официјално постојат од 2005-та година, а членови на овој музички состав се: Жарко Стојкоски – вокал, Александар Котевски – клавијатура, Димитар Наумовски – тапани, Никола Стојановски – соло гитара и Михајло Манојловски – бас гитара.