Интервју: Ивана Ивановски – дипломиран физиотерапевт

Интервју со Ивана Ивановски – дипломиран физиотерапевт и дел од тимот на „Anti Aging Center by Promoitalia“

1. Како го започнувате денот во Промоиталиа?

  • Денот го започнуваме со кафе и организација за тековниот ден.

2. Дали чистењето на лицето е третман кој не смееме да го прескокнеме?

  • Класичниот третман е основата на сите наредни третмани за третирање и нега на лицето. При консултација со нашите доктори за било каков третман на лице, секогаш им објаснуваме на нашите пациенти дека за да се изврши било каков друг третман најважно е да лицето биде механички третирано за да се исчистат порите од митесери и комедони за да се види моменталната состојба на кожата.

 

3. Колку често треба да го чистиме лицето?

  • Лицето треба да биде секојдневно третирано со производи за домашна нега,тоа е основно правило доколку сакаме да изгледаме убаво. Класичен третман задолжително еднаш месечно.

4. Дали може криолиполизата да се смета како алтернатива за липосукција?

  • Машината за криолиполиза која што ние ја користиме во нашиот центар е медицинска и работи со три различни програми: локализирани масти, фиброзно ткиво и едаметозен целулит. Можеме да кажеме дека со 6 до 8 процедури имаме успешно отстранување на локализираните масти, топење на фиброзното ткиво и целосно отстранување на едаметозниот целулит.

 

5. Кои се предностите на Vibrolight?

  • Модерниот и брз начин на живот доведува до нередовни оброци,слабо внесување на течности и појава на задршка на течности кои резултираат со појава на масти на одредени делови на телото. Vibrolight претставува вибрирачка платформа дополнета со 8 диодни сонди кои се поставуваат на одредени делови и притоа ги топат мастите, а вибрациите помагаат да преку лимфна дренажа се исфрлат течностите.

6. Што се случува со телото за време на масажа?

  • Ако се применува редовно, масажата на телото дејствува корисно за целиот организам и го потикнува доброто расположение. Најголемиот број заболувања се предизвикани од стрес, масажата е едно од најдобрите средства за борбата против напнатоста и нервозата, чија честа причина е хроничен замор. Исто така помага во случај на несоница,особено ако го вклучува целото тело, иако се постигнува добар ефект ако се работи масажа на грбот, стапалата и вратот.

7. Која масажа би ја издвоила како задолжителна?

  • Секоја масажа сама по себе е задолжителна. За да направиме избор треба да видиме кои индикации ги поседуваме за да немаме контраиндикации. Спортистите и рекреативците за да го постигнат ефектот од вежбањето треба редовно да посетуваат спортска масажа за дренажа и цедење на мускулите. Пациентите со дијагноза на ‘рбетниот столб треба да применуваат медицинска масажа доколку сакаат да функциоираат нормално за време на промена на годишните времиња. Доколку сакаме да заборавиме на секојдневните активности кои ни причинуваат стрес треба да практикуваме relax масажа барем еднаш неделно.

8. Која масажа е најбарана?

  • Арома-терапија во комбинација со медицинска масажа на грб,глава и раце е масажа која најчесто ја применуваат пациентите во нашиот центар.Бидејќи медицинската масажа е метод на физикална терапија која се користи во серија на систематски движења на телото со цел манипулирање на телесните ткива,се изведува со раце за директно или индиректно дејство на мускулниот и нервниот систем и циркулација на крвта и лимфата.

9. Колку типови на масажа постојат?

  • Постојат два типа на масажа:

1.Масажа по систем на циркулација
2.Масажа по систем на енергија

  • Во првата група спаѓаат медицинските техники на масажи, лимфна дренажа и спортските техники за цедење на мускулните ткива.
  • Во втората група спаѓаат акупресурните техники , релаксирачките масажи.
    За да се постигне најдобар ефект секогаш треба да се направи добра комбинација од повеќе техники за масажата да биде ефективна.

10. Зашто е корисна масажата?

  • Масажата помага да се третираат мускулите кога се уморни и преоптоварени. Кога мускулите ја затегнуваат слободната флексибилност и има поголеми шанси да се повредат. Масажата ги спречува грчевите во мускулите,ја зголемува флексибилноста и го намалува ризикот од повреда.

Вашиот термин може да го закажете на 02/ 31 31 31 6.