Интервју: Кристина Лазаревска – козметички техничар

Интервју со Кристина Лазаревска, козметички техничар и дел од тимот на најдобриот комплетен центар против „Anti Aging Center by Promoitalia“

1. Како го започнувате денот во Промоиталиа?

  • Денот најпрво го започнуваме со топло кафе во зимските денови, организација на тековниот ден и нормално дезинфекција на апаратите.

2. Дали Македонците бараат совети од вас или точно знаат за која процедура се дојдени?

  • Сите клиенти не само Македонците кои што доаѓаат кај нас не секогаш знаат што поточно сакаат или што им е потребно да направат, затоа ние како стручен тим вршиме консултација и одредуваме која процедура им е најпотребна на нивното тело или лице.

3. Дали има третман кои би го извоиле како омилен?

  • Сите процедури кои ги работиме во Anti Aging by Promoitalia имаат исклучиво добар ефект, но како омилен би го издвоила третманот за ласерска епилација со Promolight, затоа што денес најголем проблем на нас жените ни се несаканите влакна

4. Колку третмани се потребни за целосно одстраснување на влакната?

  • Одприлика од 6 до 8 третмани, затоа што секој организам е различен и многу е важно пациентот да има добар хормонален статус.

5. Колку време трае процедурата криолиполиза?

  • Оваа процедура ја работиме со машината Proshokice и трае околу 40 минути во зависност од програмата, затоа што имаме 3 програми: локализирани масти, фиброзен целулит и едематозен целулит.

6. Дали ултразвучната кавитација овозможува брзо и сигурно преобликување на телото?

  • Да, со тоа што оваа машина длабински ја топи клеточната мембрана на масната клетка и мастите кои се наоѓаат во меѓуклеточниот простор. Следна процедура која треба да се направи за да се исфрлат мастите е лимфна дренажа.

7. Дали може да се третираат повеќе зони истовремено?

  • Да, затоа што ова е единствена машина од овој тип со која може да се третираат повеќе зони истовремено.

8. Која е функцијата на лимфната дренажа?

  • Функцијата на лимфната дренажа е да го исчисти организмот од штетните материи и исфрлање на вишокот течности. Лимфната дренажа исто така се препорачува на жени кои имаат проблем со заддршка на вода од последица на хормонален дисбаланс, исто така се препорачува на сите кои имаат лоша венска циркулација или некое бубрежно заболување.

9. Како 10 минути Proellixe Vibration заменуваат 1 час физички тренинг?

  • Оваа машина се состои од 10 програми, секоја програма има различна функција. Се третираат сите мускули истовремено и воедно го дренира целото цело.

10. Како Prowawe Ice делува на кожата?

  • Prowawe Ice со загревање на кожата стимулира изработка на нов колаген. Со што се постигнува подобрување на тонусот на кожата.