Интервју: Олгица Стојимировиќ за убавината, здравјето и црвениот кармин

Интервју со Олгица Стојимировиќ, сопственик и менаџер на најдобриот „Anti Aging Center by Promoitalia“.

1. Зошто сте најбарани во областа на медицинската козметологија и зошто толку луѓе сакаат токму кај Вас да направат естетска корекција?

– Посветени сме на клиентите и првенствено ни е битно да изградиме пријателски однос со нив, да стекнеме близина и доверба. Достапни сме им 24 часа за сите непредвидени околности, компликации и совети. Мислам дека луѓето тоа го препознаа. Истовремено членовите на нашиот тим работат со многу љубов и желба клиентите да бидат задоволни. Во Центарот владее позитивна атмосфера и добра енергија, што клиентите исто ја препознаваат. Задоволни клиенти и реклама “од човек на човек” најмногу допринесоа луѓето да не бараат. Допринесе и тоа што сме активни на социјалните мрежи, каде ни се случува и самите клиенти да споделуваат слики после третман кај нас.

2. Кои се всушност Вашите клиенти?

– Нема правило. Antiaging-от е достапен на сите. Во тренд е да се има убави, природно нагласени усни, јаболчници, да немаме брчки на чело, да се биде убав и негуван, но и да се задржи визуелниот идентитет, така да наши клиенти се девојки и бизнис жени, естрадни и јавни личности, и мажите секако. Исклучително ме радува фактот што огромен број од нашите клиенти за прв пат направиле естетска корекција токму кај нас, и секако останале наши клиенти и понатаму.

3. Дали светските трендови се разликуваат кај нас и во светот?

– Во последно време скоро и да не се разликуваат и трендовите и начинот на изведување на одредени третмани. На пример, третманот PRP кој е претставува потполно природно подмладување е исто така популарен и кај нас и исто така успешно се изведува како и во светот.

4. Не само што организирате обуки во Вашиот Центар, туку и самите редовно ги посетувате најпрестижните обуки.

– Точно. Токму тие континуирани обуки, семинари на кои се разменуваат искуства и соработка со светски познати лица во полето на медицинската козметологија ни овозможува да ги пратиме светските трендови и да бидеме во чекор со светот.

5. Бидејќи сте во тек со светските трендови, покрај подмладување на лице, што друго е актуелно?

– Во последно време голем акцент се става на подмладување на вратот и на дланките. Најчесто го користиме PRP третманот, кој дава одлични резултати. Најголем проблем на дланките се флеките, кои и ги откриваат годините, а фантастичен резултат имаме по хемиските пилинзи или ласерски третман.

6. Што мислите за терминот “силиконски усни”?

– Порано се користел силиконот за пополнување на усните. Тој веќе не се користи, но направи голем проблем, пред се затоа што е неприроден и траен материјал, и со текот на годините дава многу неприроден изглед. Така да, се она што ни е силно впечатливо најчесто е силикон кој порано бил популарен. Денес се користат хијалуронски филери, кои се потполно природен материјал и дава природен изглед, а ние ја контролираме и дозираме нивната употреба. Добра страна е што тие после извесен период потполно се ресорбираат и не оставаат никакви последици.

7. Кој е Вашиот став кон убавината?

– Сметам дека спојот на внатрешната убавина, која вклучува психолошки фактори (интелигенција, интегритет, харизма, елеганција итн.) и надворешната убавина која вклучува физички атрибути кои се вреднуваат на естетско ниво, се вистински погодок. Жена која е остварена на професионален и на приватен план, која секогаш има насмевка на лицето и знае како да го истакне она што е на него најубаво, никогаш не може да изгледа лошо.

8. На денешно време девојките не можат да го замислат денот без “full” шминка и ако природниот изглед е се повеќе во мода. Што за Вас претставува шминкањето? Дали Ви се случува да излезете од дома без грам шминка на лицето?

– Шминкањето, исто како и процедурите во медицинската козметологија е уметност, и претставува уште еден начин на кој креативно се изразувам. Иако често ангажирам професионални шминкери во кои имам потполна доверба, сакам да експериментирам со нови изгледи и неретко самата се шминкам за излегување или настан. Makeup- от може да го покаже моменталното расположение, личноста и сензибилитетот, па поради тоа ми е толку инспиративен. Секако, се случува да излезам и без шминка, и тоа не ми претставува никаков проблем бидејќи шминката не ја доживувам како потреба туку како уметност.

9. Сакате силни кармини кои привлекуваат внимание. Која нијанса би ја издвоиле како Ваша омилена?

– Црвениот кармин засекогаш ќе биде мој фаворит. Го носам и во дневни и во вечерни прилики. Честопати знам да се нашалам дека ќе ја истетовирам таа боја на усните, бидејќи стана составен дел од мојот карактер и стил.