Интервју со Ивана Ризаов – Менаџер на хотел Долче Интернационал****

Ексклузивно интервју со Ивана Ризаов, менаџер на хотел Долче Интернационал****

По што се разликува хотел Долче од останатите хотели?

  • Концептот на модерен boutique hotel со 4 ѕвезди во Македонија, па и насекаде во светот во 21 век е исти: модерно уредени комфорни и чисти соби, неограничен пристап до интернет, допонителни простории какде гостите може да поминуваат време (кафе бар, конференциска сала, теретана спа и сл) , рецепција достапна 24 часа и секако услуга. Сите хотели имаат услуга, можеби и добра услуга, но ние во Долче на секој еден гостин му пружаме доживување. Тоа значи дека нашиот високо професионален кадар знае и умее да ги препознае потребите на гостите и истите да ги задоволи на еден толку брз, ефикасен и љубезен начин со цел гостинот да има незаборавен престој и да посака да се врати пак. Постои една тенка граница помеѓу ектремна љубезност и професионалност и тука стои Долче. Инаку, се трудиме да бидеме во тек со трендовите и секојдневно внесуваме иновации.

Дали редовно ја следите конкуренцијата?

  • Ја следаме за да бидеме конкурентни пред се со цени, но не премногу за да не копираме.

Зошто треба да го одбереме Долче?

  • Тој што бил знае хахаха. Околу 70 % од гостите во хотел Долче се бизнис- гости, а повеќе од 50 % од нив се редовни гости. Нашите врати се отворени за сите, имаме најразлични понуди, организрираме тури низ Македонија и пошироко, организираме најдобри настани, правиме најдобро кафе и имаме превкусен доручек. Успешно работиме веќе 5та година и сме биле домаќини на огромен број балкански и интернационални ѕвезди.

Кои се маните, а кои предностите како менаџер?

  • Не можам толку да зборувам за мани и предности, колку за одговорностти. Позицијата Менаџер на хотел е малку неблагодарна во смисла дека мора да одговори на проблемите на вработените, гостите и сопствениците и да балансира помеѓу овие три страни. Пред се многу важно е да се познава психологијата на луѓето (од вработени до гости) и да се комуницира на содветен начин. Кога работиш со добар тим има се помалку проблеми за решавање, а секако кога ќе се појави таков јас го сфаќам како предизвик. Секако тоа е позиција без работно време, и ако физички не си присутен во хотел, мораш секогаш да бидеш достапен за консултација со вработените. Предност се секако множтвото нови познатства и контакти со луѓе што не си ни помислил дека ќе ги сретнеш.

На кој начин се усовршувате во својата работа?

  • Моето формално образование е во една сосема друга насока (дипломиран преведувач од англиски/германски на македонски јазик и обратно), така што морам постојано неформално да се дообразувам, преку различно обуки, семинари, онлајн курсеви и сл. Многу читам, а многу научив и на самото работно место преку практични ситуации. Инспирација наоѓам насекаде, буквално од филм може да ми дојде идеја која успешно ќе ја спроведеме со мојот тим.

Дали редовно посетувате саеми?

  • Се трудиме да бидеме секаде каде што имаме можност.

Дали поседувате сертификати?

  • Активно земам учевство на семинари и обуки, пред се од областта на маркетинг и продажба, така што поседувам доста сертификати.