Иван Атанасов (Иво) е новиот ексклузивец на Урбан Рекордс

Познатиот звук кој го носи издавачката продукциска куќа Урбан Рекордс е повеќе од добро прифатен помеѓу младите, не само кај нас туку и во соседна Бугарија и Србија.

Урбаните дечки кои оставаат се поголем белег на македонската музичка сцена во хип-хоп, рнб, трап и регетон културата, од овој момент стануваат побогати со уште еден млад и талентиран артист.

Станува збор за дваесет годишниот Иван Атанасов – (ИВО). Иво кој предходно бил ДЈ, го сними неговиот прв сингл во трап стил заедно со видео спот насловен како “Дел”, кој е дело на музичкиот продуцент Flexin3D, додека видео спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски – Godeye Production, видео продукцијата на Урбан Рекордс.

Спотот се снимаше на доста интересна локација на каменолом, налик на пустина со крос мотори низ неа.

Официјалната промоција на “Дел”, ќе биде на 18ти во Недела во 15:00 часот на Youtube каналот на Урбан Рекордс.