Иван Лотески го фати крстот во Охридското езеро (ФОТО+ВИДЕО)

Денес, по повод празникот Богојавление – Водици, во Охрид се одржи голема манифестација која ја следеа неколку илјади граѓани.

Годинава беа пријавени 350 скокачи по светиот крст, а најсреќен беше 27-годишниот Иван Лотески од Варош кој успеа прв да стигне до крстот.

Одбележувањето на празникот Водици во Охрид, што се одржува во рамки на проектот „Од 20 до 20 сите во Охрид“ е во организација на локалната самоуправа.