Ивана Ивановски е најдобриот работник за 2019 година на „Промоиталиа“

„Anti Aging Center by Promoitalia“ и додели признание на Ивана Ивановски за најдобар работник за 2019 година.

Тие велат дека крајот на годината претставува едно резиме на успесите низ целата година, а воедно и одлична можност да се пофали и награди напорната работа, лојалноста и професионалноста.

Покрај постојаната грижа за своите клиенти, тие можат да се пофалат и со вниманието кое си го посветуваат меѓу тимот кој секако прераснува во семејство.

Инаку, Ивана важи за еден од најдобрите физиотерапевти во Македонија.