Ивана Ризаов напиша нова песна – за смислата….

Младата писателка Ивана Ризаов, по нејзината успешна промоција на „Писма извајани од љубов“, за ИДОЛ.МК напиша песна.

За смислата…

Бегајќи од вистината се пронајдов себеси

Во ноќите тажни, во деновите бескрајни

Трагав по љубов, а љубов имало и повеќе

Ама ние баравме уште…

Смислата изгледаше како некоја загатка,

А сега пред нас стои отворена

Не кани да видиме, да сознаеме

Дека смислата е слободата

Дека смислата е телото и душата во едно

Дека смислата сме ние и нашите најблиски

Дознав се’, што сакав, не сакав, криев, заборавив,

Се потсетив на сеʼ и одново преживеав

И реков доста е, да излезам малку од сопствената глава

Да ги растерам мислите како јато птици насобрани

Да го видам светот.

А надвор, на небесната шир со безбојни букви испишана порака:

– Светот е затворен, ве молиме дојдете подоцна.

Ивана Ризаов е родена 1989 година во Кочани, а  живее во Скопје. По професија е дипломиран преведувач од англиски и германски на македонски јазик, а со пишување се занимава уште од седумгодишна возраст.