Иво со невообичаена 2 во 1 трака и спот

Иван Атанасов – Иво е најмладиот ексклузивец на Урбан Рекордс, момчето за кого прв пат јавноста дозна летово кога го промовираше неговото прво видео за „Дел “. После само три месеци Иво ја снима траката насловена како “High – да се воздигне нечија состојба на умот. (Секогаш со неа)”.

На Youtube каналот на Урбан Рекордс, официјално веќе се промовираше новата две во една  – песна и спот. Музиката е на Иво, аранжманот и миксот на Flexin3d, мастеринг на Ивајо. Песната е невообичаено во два дела, првиот е во времетраење од две минути, а вториот од една и е комплетно во трап стил.

Спотот го изработи Гордан Божиновски – God Eye Production и е минималистички и арт, подсеќа на mtv 90’s стилот, каде доминира црно белата боја. Во првиот дел од спотот се појавува прекрасниот модел Ангела Стојковиќ, а во вториот кој е снимен во еден кадар, се гледа како Иво ја ужива поддршката од колегите и тимот на Урбан.

Спотот се снимаше во стан во Кисела Вода и во „Baking bread” – Аеродром.