Како најпознатата статуетка „Оскар“ го добила името?

„ОСКАР“ најпрестижна филмска награда која ја доделува американската Академија на филмски уметности и наука.

Доделувањето започнало од 16 мај 1929 година.

Таа година, дури три месеци порано се знаело кој се победниците, а нивните имиња биле објавени во „Los Angeles Time“.

Повеќечасовниот спектакл во далечната 1929 година не бил пренесуван на телевизиските канали, а доделувањето во хотелот „Рузвелт“ траело само 15 минути.

Луѓето кои сакале да присуствуваат на оваа церемонија плаќале само 5 долари.

Првото доделување го одбележале немите филмови, а веќе наредната година, за награда почнале да се поставуваат и звучни филмови. Во годините кои следувале, победниците се објавувани во новините вечерта пред доделувањето.

Денес, и номинираните и гледачите се во неизвесност до самото отворање на ковертот за тоа каде ќе замине престижната статуетка.

Според првата приказна извесна Бети Дејвис била токму таа која ја крстила оваа награда, така што ја нарекла по својот прв сопруг Хармони Оскар Нелсон.

Втората приказна е дека извршната секретарка на Академијата, Маргарет Херик, кога прв пат ја видела статуетката, истакнала дека ја потсеќа на нејзиниот вујко Оскар.

Некои пак тврдат дека при петтото доделување на наградите Еленор Лилберг, извршен секретар на Луиса Б. Мајер, исто така гледајќи ја статуетката викнала „Тоа изгледа како Кралот Оскар!“. На крајот од денот таа запрашала „Што ќе правиме со Оскарот, ќе го ставиме во трезор?“, и така името на статуетката останало.