Карлеуша му се налути и го нарече „дрзок“, а потоа гласаше за овој Македонец

Македонецот Стефан Величковски во вториот круг на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ успеа да ги воодушеви сите членови на жирито и со максимален број на гласови директно да се пласира во третиот круг.

Иако во првиот круг имаше вербална расправија со Јелена Карлеуша која ја повлече својата поддршка и го нарече „дрзок“, сепак маестралната изведба на песните „Још увијек сањам да смо заједно“ од Тоше Проески и „Петак на суботу“ од Жељко Јоксимовиќ во вториот круг ја убедија Карлеуша да го промени своето мислење и да гласа позитивно.

„Добро те научила Вики, само да пееш, а не да збориш и да се караш!“, му кажа Карлеуша на Стефан.

Вики Миљковиќ овој пат немаше можност да гласа за Стефан бидејќи тој ја избра токму неа да му биде ментор, но сите останати членови на жирито несебично му го дадоа своето „Да“ за да продолжи.

Настапот во вториот круг ќе го погледнеме во некоја од следните епизоди на „Ѕвездите на Гранд“.