Ќе се сипа МОЕТ за првиот милион

На 9ти септември 2018 година, недела, точно во 15 h, трап дуото 2 Бона придружени од Таско на You Tube каналот на Urban Records извадија banger.

MOET е славење на животот, доказ дека сите рани заздравуваат и дека ако не се откажеме после секој мал неуспех следи огромен успех.

ʺСтај флаша во лед можеʺ е почетокот на еден толку певлив рефрен кој за брзо ја освои публиката и на нејзино барање почна да се врти најпрво по скопските дискотеки, а подоцна и низ цела Македонија (sorry I don`t go by North).

Додека момците се зафатени со настапи низ државава, прегледите на You Tube се повеќе и повеќе растат и со вакво темпо се очекува за некој месец МОЕТ да го достигне и првиот милион.

Да им посакаме среќа и да ја поддржиме македонската музика.

@left__h