Книгата „Писма извајани од љубов“ ќе ги освои вашите срца

Изминатиот викенд, на 7ми март, во Јавна Соба се одржа промоцијата на книгата „Писма извајани од љубов“ на Ивана Ризаов, која ја најавивме пред извесно време.

Посетителите беа сведоци на кратка презентација која ја водеше Марина Гоцевска, поетеса и рецензент на „Писма извајани од љубов“, а целиот настан го снимаше екипа од ТВ Сонце, на чело со водителката Викторија Петровска, воедно и рецензент на книгата.

Зад интересниот наслов се кријат уште поинтересни страници  кои ги мамат читателите одблиску да ѕирнат што се крие под сплетот од букви – љубов.

Книгата наиде на позитивни критики и воодушевување, а сите кои не беа присутни на промоцијата, засега книгата можат да си ја купат онлајн, на купикнига.мк.

Авторката најавува достапност на книгата и во локалните книжарници во брзо време.

Тимот на издавачката куќа Ѓурѓа стои зад ова издание, а интересната фотографија на корицата ја сликаше Данче Јовановска.

Idol.mk топло ви ја препорачува оваа книга во овие свежи и променливи денови од месецот март.